среда, 28 ноември 2007

Реакција на кампањата против абортусот

Низ Скопје повеќе од неколку недели се излепени грозоморни плакати, се делат фалери (а ги делат млади неинформирани девојчиња) за кампања против абортусот. Кој ја потегна оваа кампања? Кој стои за неа? Девојчињата кои ги делат овие флаери не се ни свени што пренесуваат, што шират и какви последици сето тоа ќе има утре. Па и за нив.

Дел од невладините организации неколку дена се подготвуваат, мобилизираат за реакција против оваа кампања која ќе биде претставена во печатените медиуми во нашата земја. Подолу следи текстот на реакцијата:



АБОРТУСОТ Е ПРАВО НА ИЗБОР!!!



Се обраќаме до македонската јавност со реакција на екстремно конзервативните, репресивни општествени струи, кои затскривајќи се зад параванот на религијата и заштитата на правото на човекот на живот, дистрибуираaт постери и флаери со тврдење дека абортусот е убиство:

“Господ многу ги сака раѓањето и животот. Нашата МПЦ тоа многу пати го кажала” ???
„Правото на избор постои од моментот на зачнувањето, а потоа постои правото на живот” ????

Се прашуваме во кое време и во кој општествен систем сака да не врати оваа група, која промовира бесмислени пораки, а го прикрива својот вистински идентитет од јавноста.

Во оваа прилика, на иницијаторите на оваа кампања, нивните партнери во Македонија и до сите други кои сметаат дека 99% од случаите на прекин на бременоста се сосема неоправдани им ја упатуваме следнава порака:

ОБИДИТЕ ЗА БИЛО КАКВО ОГРАНИЧУВАЊЕ, ДА НЕ ЗБОРУВАМЕ ЗА ЗАБРАНА НА ПРАВОТО ДА РАСПОЛАГАМЕ СО СВОИТЕ ТЕЛА ПРЕТСТАВУВАТ НАПАД НА КОЈ ЌЕ МУ СЕ СПРОТИВСТАВИМЕ СО СИТЕ СИЛИ.

Апсолутно не го промовираме абортусот како метод за планирање на семејството, но сме против било каква политика која ќе го ограничи правото на избор. Ова со сигурност ќе резултира со нелегални и нестручно изведени абортуси.

Ние, долупотпишаните не сме убијци!

Нема коментари:

technorati tags: