Женската Граѓанска Инициатива Антико - мултиетничка мрежа на женски  НВО на Р.Македонија, од 25-11- 2007  до 11 -12 - 2007 во рамките на меѓународниот ден  ,,16 Дена  активизам против насилството врз жените“,   спроведува   кампања под мото : ,,Промени го твојот црно-бел свет ! животот  продолжува....“
За оваа цел во 10 локални заедници на Македонија се организираат, работилници, тркалезни маси, дебати и други форми на женско организирање и делување.
Главната цел на кампањата е : проблемот на насилството врз жените, да се третира како општествен проблем. Државата и надлежните институции да превземат поголема одговорност и целисходни мерки за превенција и заштита.
Една од важните теми  на организираните настани е и: подобрувањето на пристапити и мерките кои ќе делуваат како превенција за намалување на бројот на жените жртви . Но, исто така  ќе се даде јавност  на интерсекторска соработка и  ефикасноста на институциите  во применувањето на соответни  мерки за подобрувањето на условите за згрижување, а и  превземање на  специјални афирмативни  мерки за поддршка и реинтеграција  на жртвите во заедницата 
Учесници/чки  на активностите  се преставници/чки  на: граѓанските организации, локалната самоуправа,  родовите комисии, Заводи за социјални  грижи, психолози, педагози, социолози,  медиуми и преставници од други институции кои можат да дадат придонес кон решавањето  на овој  општествен проблем во заедницата .
Активностите  ги организираат локалните НВО членки на Мрежата на Антико во: Гостивар, Кичево, Дебар, Куманово, Битола, Пробиштип, Струмица, Свети Николе, Скопје, Крушево (Борино).
Контакт:
Женска граѓанска иницијатива - Антико
тел: +389 2 2611 130
факс: +389 2 601 112
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)

Нема коментари:
Објави коментар