вторник, 27 ноември 2007

Женски центар „Жена на 21 век - Куманово“ се приклучува кон меѓународната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените“

Информативно-едукативна кампања – Акција против семејно насилство е името на иницијативата под која Женски центар „Жена на 21 век Куманово“ се приклучува кон меѓународната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените“.

Активностите ќе се одвиваат во шест општини: три урбани - Куманово, Крива Паланка и Кратово и три рурални: Липково, Старо Нагоричани, Ранковце. При тоа ќе се организираат едукативни работилници за видовите на насилство врз жените, нивните права и обврските на надлежните институции кои ја третираат оваа проблематика. За време на кампањата ќе биде дистрибуиран информативен материјал изработен за оваа кампања.
Работилництите во другите општини ќе бидат организирани во соработка со невладни организации кои се потенцијални кандидати за членови на женскиот центар од идната година.

Активностите започнуваат со утрешната работилница (28.11.2007, среда) во Куманово која ќе биде организирана во просториите на женскиот центар .

Нема коментари:

technorati tags: