Во 2006 година, оваа организација ја иницираше кампанјата Take Back The Tech, заснована на акции кои ставаат акцент на проблемот со насилството врз родна основа, и неговата поврзаност со информатичките и комуникациските технологии.
Преку промоција на родната еднаквост на полето на дизајнот, развојот, спроведувањето, пристапот и користењето на ИКТ, како и во носењето на важни политички одлуки и регулаторни рамки, иницијативата Take Back The Tech се заснова на активистичката колективна енергија на сите вклучени лица кои решиле да се посветат на овие прашања.
Целта е да се вклучат сите корисници на ИКТ, а особено жените и девојките со цел да ја превземат контролата и моќта над технологиите, а во текот на тој процес, да го побараме и реализираме нашето право на дефинирање, пристап, користење и обликување на ИКТ.
Во последно време, видливо е дека виртуелниот интернет простор се помалку е сигурно место за жените. На пример, вршителите на семејно насилство често ги користат ИКТ за да ги следат и контролираат партнерките, а постои и се поголем број на случаи на онлине вознемирување и сајбер-шпиунирање.
Преку оваа кампања, Ве повикуваме да, со свесно раyмислување за ИКТ и нивната употреба, заедно ги окупираме дигиталните простори и да разбереме дека имаме потенцијал за трансформација на постоечките односи на моќ и да ја оствариме визијата за слобода и еднаквост за сите.
Лицата вклучени ви работата на APC WNSP ја спроведуваат идејата на кампањата за 16 дена на активизам преку:
- Правење на онлине разгледници
- креирање на кратки видео филмови на тема Насилството врз жените
- испишување на феминистичка википедиа
- креирање на блогови на кои можат да се прочитаат статии и извештаи за целиот тек на кампањата
Насилството над жените представува нарушување на физичкото, психичкото и/или емоционалното здравје, а причините лежат во односот на нееднаквост помеѓу мажите и жените во скоро секоја сфера на животот. Примери за насилство врз жените се семејното насилство, силувањето и сексуалното вознемирување, итн.
ШТО Е ИКТ?
Информатичко-комуникацијските технологии се алати и платформи кои ги користиме за комуникација и информирање, како што се радиото, мобилната технологија, телевизијата и интернетот.
НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ИКТ
И насилството врз жените и ИКТ имаат големо влијание врз нашата способност да ги уживаме нашите човекови права и основни слободи. Во последно време, се повеќе се прави паралела помеѓу насилството врз жените и ИКТ. На пример, веб сајтовите можат да бидат корисно место за жените кои трпат насилство преку нудење на корисни информации и помош.
ИКТ се во состојба да ги пренесат општествените норми преку репресентацијата на културата, општествените структури и односи. Тие често ја играат улогата на медиумите, ги презентираат и зацврстуваат таканаречените разлики помеѓу мажите и жените преку прифаќање на стереотипите и родните улоги како реалност. Поради тоа, донесовме одлука да учествуваме активно во намалувањето на негативните појави во виртуелната опшстествена сфера.
За време на овогодинешната кампања 16 дена на активизам, Take Back The Tech сака да им даде видливост на сите организации, групи, колективи, поединци и поединки кои спроведуваат активности за време на кампањата. Сакаме да изградиме онлине досие кое ќе биде достапно за сите, а ќе служи за планирање на идни заеднички активности и креирање на активна мрежа за женска солидарност на просторот на ЈИЕ.
ЗАТОА ВЕ ПОВИКУВАМЕ:
- да земете активно учество и да ни ги испраќате програмите на вашите кампањи
- Да не информирате за активностите кои ке ги изведете за време на кампањата 16 дена на активизам
Преземено од: OneWorld SEE