петок, 30 ноември 2007

Промоција на истражувањето за семејното насилство: „Живот во сенка“

Здружението за еманципација, солидарсност и еднаквост на жените во Р. Македонија - ЕСЕ ги објави резултатите од истражувањето за семејно насилство „Живот во сенка“. Студијата е составена од два дела и содржи наоди за природата, обемот и видовите на семејното насилство, како и постапувањето на институциите кон овој проблем.

Според истражувањето, дури половина од жените во земјава трпат психолошко насилство кое најчесто се манифестира преку инсистирање на сопругот/партнерот да знае каде и со кого е цело времеч ја навредува и прави таа да се чувствува лошо, се лути кога зборува со друг маж, намерно ја заплашува и ја спречува да работи надвор од дома.

Истражувањето е дел од проектот Национална програма за семејно насилство, кое ЕСЕ го спроведува во партнерство со Министерството за труд и социјална политика. Проектот е финансиран од УСАИД во рамките на Проектот за зајакнување на граѓанското општество имплементирано од Инситутот за трајни заедници (ИТЗ).



За подетални информации:
Весна Јованова, Здружение ЕСЕ

среда, 28 ноември 2007

Реакција на кампањата против абортусот

Низ Скопје повеќе од неколку недели се излепени грозоморни плакати, се делат фалери (а ги делат млади неинформирани девојчиња) за кампања против абортусот. Кој ја потегна оваа кампања? Кој стои за неа? Девојчињата кои ги делат овие флаери не се ни свени што пренесуваат, што шират и какви последици сето тоа ќе има утре. Па и за нив.

Дел од невладините организации неколку дена се подготвуваат, мобилизираат за реакција против оваа кампања која ќе биде претставена во печатените медиуми во нашата земја. Подолу следи текстот на реакцијата:



АБОРТУСОТ Е ПРАВО НА ИЗБОР!!!



Се обраќаме до македонската јавност со реакција на екстремно конзервативните, репресивни општествени струи, кои затскривајќи се зад параванот на религијата и заштитата на правото на човекот на живот, дистрибуираaт постери и флаери со тврдење дека абортусот е убиство:

“Господ многу ги сака раѓањето и животот. Нашата МПЦ тоа многу пати го кажала” ???
„Правото на избор постои од моментот на зачнувањето, а потоа постои правото на живот” ????

Се прашуваме во кое време и во кој општествен систем сака да не врати оваа група, која промовира бесмислени пораки, а го прикрива својот вистински идентитет од јавноста.

Во оваа прилика, на иницијаторите на оваа кампања, нивните партнери во Македонија и до сите други кои сметаат дека 99% од случаите на прекин на бременоста се сосема неоправдани им ја упатуваме следнава порака:

ОБИДИТЕ ЗА БИЛО КАКВО ОГРАНИЧУВАЊЕ, ДА НЕ ЗБОРУВАМЕ ЗА ЗАБРАНА НА ПРАВОТО ДА РАСПОЛАГАМЕ СО СВОИТЕ ТЕЛА ПРЕТСТАВУВАТ НАПАД НА КОЈ ЌЕ МУ СЕ СПРОТИВСТАВИМЕ СО СИТЕ СИЛИ.

Апсолутно не го промовираме абортусот како метод за планирање на семејството, но сме против било каква политика која ќе го ограничи правото на избор. Ова со сигурност ќе резултира со нелегални и нестручно изведени абортуси.

Ние, долупотпишаните не сме убијци!

Фотографии од кампањата „ВРАТИТЕ НА СИСТЕМОТ“


Фотографии од инсталацијата поставена на плоштад во Скопје, а организиран од страна на Акција Здруженска, ЕСЕ, Министерство за труд и социјална политика, Национална СОС линија за семејно насилство и Министерство за Внатрешни работи при Р.М.

Инсталацијата ги симболизира вратите на надлежните институции (Полиција, Здравство, Центри за социјална работа и Невладини организации) кои се дел од ситемот за заштита од семејно насилство.






Сакам уште фотографии

Активности на мрежата на Антико за обележување на меѓународниот ден: „16 дена активизам против насилството врз жените“

Женската Граѓанска Инициатива Антико - мултиетничка мрежа на женски НВО на Р.Македонија, од 25-11- 2007 до 11 -12 - 2007 во рамките на меѓународниот ден ,,16 Дена активизам против насилството врз жените“, спроведува кампања под мото : ,,Промени го твојот црно-бел свет ! животот продолжува....“

За оваа цел во 10 локални заедници на Македонија се организираат, работилници, тркалезни маси, дебати и други форми на женско организирање и делување.
Главната цел на кампањата е : проблемот на насилството врз жените, да се третира како општествен проблем. Државата и надлежните институции да превземат поголема одговорност и целисходни мерки за превенција и заштита.

Една од важните теми на организираните настани е и: подобрувањето на пристапити и мерките кои ќе делуваат како превенција за намалување на бројот на жените жртви . Но, исто така ќе се даде јавност на интерсекторска соработка и ефикасноста на институциите во применувањето на соответни мерки за подобрувањето на условите за згрижување, а и превземање на специјални афирмативни мерки за поддршка и реинтеграција на жртвите во заедницата

Учесници/чки на активностите се преставници/чки на: граѓанските организации, локалната самоуправа, родовите комисии, Заводи за социјални грижи, психолози, педагози, социолози, медиуми и преставници од други институции кои можат да дадат придонес кон решавањето на овој општествен проблем во заедницата .

Активностите ги организираат локалните НВО членки на Мрежата на Антико во: Гостивар, Кичево, Дебар, Куманово, Битола, Пробиштип, Струмица, Свети Николе, Скопје, Крушево (Борино).


Контакт:
Женска граѓанска иницијатива - Антико
тел: +389 2 2611 130
факс: +389 2 601 112

вторник, 27 ноември 2007

Женски центар „Жена на 21 век - Куманово“ се приклучува кон меѓународната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените“

Информативно-едукативна кампања – Акција против семејно насилство е името на иницијативата под која Женски центар „Жена на 21 век Куманово“ се приклучува кон меѓународната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените“.

Активностите ќе се одвиваат во шест општини: три урбани - Куманово, Крива Паланка и Кратово и три рурални: Липково, Старо Нагоричани, Ранковце. При тоа ќе се организираат едукативни работилници за видовите на насилство врз жените, нивните права и обврските на надлежните институции кои ја третираат оваа проблематика. За време на кампањата ќе биде дистрибуиран информативен материјал изработен за оваа кампања.
Работилництите во другите општини ќе бидат организирани во соработка со невладни организации кои се потенцијални кандидати за членови на женскиот центар од идната година.

Активностите започнуваат со утрешната работилница (28.11.2007, среда) во Куманово која ќе биде организирана во просториите на женскиот центар .

недела, 25 ноември 2007

Медиумите присутни на кампањата за борба против насилството над жените

16 дневната кампања која започна на 25 ноември и ќе трае до 16ти декември е покриена и од страна на медиумите. Еве неколку линкови до вестите:

25 Ноември - Меѓународен ден на борбата против насилствотo врз жените

Активизам за борба против насилство врз жените

Кампања за заштита од семејно насилство

Почеток на кампањата „16 меѓународни дена на активизам за борба против насилството врз жените“

На 24 ноември (сабота) во 12 часот со настан на Плоштадот Македонија наречен „ВРАТИТЕ НА СИСТЕМОТ“ започна кампањата „16 меѓународни дена на активизам за борба против насилството врз жените“.

Во рамките на настанот организиран од страна на Акција Здруженска, ЕСЕ, Министерство за труд и социјална политика, Национална СОС линија за семејно насилство и Министерство за Внатрешни работи при Р.М, беше поставена инсталација која ги симболизира вратите на надлежните институции (Полиција, Здравство, Центри за социјална работа и Невладини организации) кои се дел од ситемот за заштита од семејно насилство. До секоја од вратите беа присутни претставници од соодветниот систем кои ги информираа граѓаните за услугите и заштитата која тие ја обезбедуваат за жртвите на семејно насилство.

Освен инсталацијата поставена во центарот на градот на плоштадот „Македонија“,
во деновите на кампањата се предвидува и дистрибуција на 5000 флаери, објава во неделното списание Теа Модерна, а ќе биде отворена и телефонска линија за донирање средства за помош на жртвите на семејно насилство.

За повеќе информации и вклучување во оваа кампања Ве молиме контактирајте со:

Здружение на граѓани Акција Здруженска
Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ - ЕСЕ

четврток, 22 ноември 2007

16 дена активизам против насилството врз жените

Сојузот на организации на жени во Македонија ги најави своите активности кои ќе бидат спроведени во склоп на интернационалната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените“. Активностите ќе се спроведуваат по мотото: „Еднакви можности за сите - Живот без насилство“.

Промоцијата на кампањата ќе се одржи на 25 ноември, 2007 год. во Големата сала на собранието на град Скопје со почеток во 12 часот.

Заштитното лице на оваа кампања за борба против насилството врз жените е Лабина Митевска.

Кампања ИМАШ ПРАВО! БАРАЈ ЗАШТИТА ОД СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Во рамките на "16 меѓународни дена на активизам за борба против насислтвото врз жените"/ 25 ноември - 10 декември 2007

Барај имплементација, предизвикај ги пречките: Крај за насилството врз жените

Овогодинешната кампања: Имаш право! Барај заштита од семејно насилство, претставува заедничка акција на Здружението на граѓани Акција Здруженска од Скопје, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ – ЕСЕ, Националната СОС линија при ОЖС, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи. [повеќе]

среда, 21 ноември 2007

Водич во феминистичката и родовата терминологија

Водич во феминистичката и родовата терминологија претставува придонес на Акција Здруженска во збогатувањето на ресурсите во Македонија за поголема информираност и надградба на знаењата во областа на родовата еднаквост и човековите права на женитe. Можете да го превземете овде

technorati tags: